Со одлука на Министерството за култура за вршител на должност директор на фестивалот „Охридско лето“ и официјално е назначен Илија Мојсоски, вработен во институцијата, дознава OhridNews.
За одлуката Министертвото за култура со факс ја известило управата на фестивалот.
Мојсоски доаѓа на местото на досегашниот вршител на должностa Васил Зороски, кому на 1-ви јуни му истече вториот мандат. Новиот вршител на должност има мандат од шест месеци.
Како што е познато за избор на директор на фестивалот Охридско лето од страна на Министерството за култура беше распишан втор конкурс, откако претходно не беше избран ниту еден од пријавените 12 кандидати на првиот распишан конкурс.












