Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски беше стрелец на единствениот погодок во победата (1-0) на Палермо над Аталанта во петтата рунда од Серија А.
Несторовски одлучувачкиот погодок на стадионот „Атлети Азури“ го постигна во 89-та минута од натпреварот по асистенција на Јајало од корнер.
Овој погодок е дебитански за Несторовски во „Калчо“ лигата, а Палермо стигна до првата победа сезонава во елитното друштво.
Резултати: Болоња – Сампдорија 2-0, Киево – Сасуоло 2-1, Емполи – Интер 0-2, Џенова – Наполи 0-0, Јувентус – Каљари 4-0, Пескара – Торино, Рома – Кротоне 4-0, Удинезе – Фиорентина 2-2, Аталанта – Палермо.
OhridNews