Времен прекин на водоснабдувањето кај корисниците на улиците: “Цар Самоил”, „Коста Абраш“ и дел од „Илинденска“ најавуваат од ЈП Водовод Охрид.
Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:00 до 11:00 часот без вода ќе бидат корисниците на наведените улици, велат од претпријатието.
Без вода утрово останаа и жителите на населбата “Христо Узунов”. Од ЈП Водовод информираат дека се работи за дефект и дека дежурните екипи веќе на терен. Се очекува истиот да биде отстранет до 13 часот.
OhridNews