По повод Националниот празник Илинден, едриличарските клубови “Бофор” и “Стрмец” од Охрид и Едриличарската Федерација на Македонија, ја продолжуваат традицијата на организирање на Меѓународната Илинденска едриличарска регата Охрид 2010, која оваа година ќе се одржи по 42 ри пат, во деновите 31 јули, 01 и 02 август 2010 год.


Дел од учесниците од соседните земји веќе пристигнаа во Охрид а за прв пат на регатата ке гостуваат едриличари од соседна Албанија и од Естонија.


На регатата ќе се возат трки во седум класи, оптимист, Европа, Ласер стандард, Ласер радијал,  Ласер 4.7, 470 и Минитонец.

Ohridnews