Илјада бесплатни влезници и бесплатен железнички превоз за ракометниот натпревар Македонија-Полска што утревечер се игра во Белград, ќе додели македонската влада.
Како што се наведува во соопштението од Владата, изборот на лицата ќе се направи вечерва преку лотарија што со почеток во 22 часот ќе се одржи во живо на првата програма на Македонската телевизија.
„Трошокот за железничкиот превоз го покрива Владата на Република Македонија, додека билетите се набавени од страна на АД Макстил. Со ова веруваме дека ќе се даде дополнителна поддршка и стимул на утрешниот натпревар на Македонската ракометна репрезентација“, стои во соопштението.
Како да аплицирате за билет за Белград
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com