Над илјада хористи од 16 држави од светот ќе учествуваат на третиот Охридски хорски фестивал, што започнува утре.

До 29-ти август предвидени се десет концерти, со настапи на четириесеттина хорови и пејачки групи од Шпанија, Летонија, Србија, Литванија, Украина, Унгарија, Русија, Полска, Романија, Швајцарија, Италија, Бугарија, Словачка, Чешка, Хрватска и од Македонија.

Настапите на хоровите ќе се одржуваат во „Дијамантската сала“ во хотелот „Инекс Горица“ и во катедралната црква „Света Софија“. Покрај настапи на отворено и натпреварувачки дел, публиката ќе има можност да види и концерти на фолклорна музика, концерти на црковна музика и поп-музички изведби.

OhridNews