Неколку илјади студенти изегоа на маршот во знак на протест против екстерното тестирање на факултетите, јавува „Макфакс“.


Фото:Twitter @studentplenum1

Маршот е организиран од Студентската иницијатива „Студентски Пленум“, по повод 17 ноември – меѓународниот ден на студентите.

Маршот започна во 12 часот во понеделник, 17-ти ноември, пред платото на УКИМ, кај комплексот факултети на Бит Пазар. Студентите се упатија до Министерството за образование и наука и продолжија кон зградата на Владата.

Насобраните студенти се против образовната реформа, односно екстерно тестирање и во високото образование. Тие денеска носеа транспаренти на кои пишуваше „Активирај се! Реализирај се!Студентизирај се!“, „И од образованието сакате да направите споменик? (помен плоча)“.

OhridNews
Извор: Макфакс
Фото:Twitter @studentplenum1