На фудбалерите на Охрид, Дарко Иловски и Немања Ѓуровиќ им беше извршен допинг тест по мечот од македонскиот шампионат против Брегалница во Штип.

Изборот на фудбалерите е по случаен избор, а извршените примероци ќе бидат испратени на испитување по што ќе биде констатирано дали тие користеле недозволени супстанци.

Ова е прв ваков случај сезонава на охридскиот тим да му биде извршена допинг контрола. Брегалница го доби мечот победувајќи со 2-0.

М.П.