Дефанзивците Дарко Иловски и Дејан Лескароски во новата сезона ќе настапат во нови средини.


Лескароски фудбалската кариера ќе ја продолжи во битолски Пелистер и тоа под водство на минатогодишниот стратег на Охрид, Горазд Михајлов.


Младиот Иловски во наредната сезона ќе го носи дресот на второлигашот Еуромилк. Претходно на овој второлигаш му се приклучи и Наум Велјаноски.

М.П.