Поранешните фудбалери на Охрид 2004, Наум Велјаноски и Дарко Иловски сезонава го засилија скопскиот второлигаш Еуромилк. Во шестата рунда од втората македонска фудбалска лига токму Еуромилк е следниот противник на “рибарите“, а двоецот Велјаноски – Иловски се враќаат на теренот каде ги направија првите фудбалски чекори.


-Со нетрпение чекам да се вратам на стадионот на кој ја започнав фудбалската кариера и да се сретнам со старите соиграчи. Очекувам тврд натпревар, и на двата тима бодовите ни се неопходни. Во Охрид немаме право на кикс и решително ќе влезиме во мечот да ги освоиме трите бодови – истакна дефанзивецот Иловски.

Поради повреда Велјаноски не тренираше неколку дена, настапот против Охрид е доведен под знак прашалник.


Крајно неизвесен сум за мечот против Охрид, започнав да тренирам а тренерот ќе одлучи дали ќе настапам – потенцираше Велјаноски.

“Млекарите“ сезоната ја започнаа со високи цели, влез во првата лига, но работите не тргнаа така добро по пет одиграни натпревари Еуромилк има пет бодови два повеќе од Охрид.

Мх.П.