Непознат сторител вчера околу  01,30 часот ја запалил влезната врата од станот на 73 годипнишен граѓанин, што се наоѓа на  ул.„Маркс и Енгелс“ во Струга.

Непознатиот сторител со запаливо средство ја испрскал влезната врата од станот, по што ја запалил и го напуштил местото на настанот.Пожарот бил изгаснат од страна на станарите од зградата, а причинета е материјална штета од околу 5.000,00 денари.

Увид на лице место извршила увидна екипа, а ПС-Струга превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews
извор: МВР