20-та титула во Премиер лигата им се смешка на “црвените ѓаволи“ откако со 2-0 го совладаа Стоук.


Поразот од градскиот ривал во дерби пресметката не остави трага во играта на Манчестер Јунајтед, кој уште во 4-та минута со голот на Керик поведе со 1-0. Робин ван Перси со погодокот од пенал ја прекина “посната“ серија и донесе вреден триумф за Јунајтед.

Резултати : Стоук – Мен Ју 0-2, Њукасл – Сандерленд 0-3

Табела : Мен Ју 80, Мен Сити 65 (-1), Арсенал 59, Челси 58, Тотенхен 58….

Мх.П.