Мултимилионските понуди кои доаѓаат од кинеските се примамливи за фудбалерите кои не оддолеваат и се преселуваат во Кина исклучиво само поради парите, и ништо друго.
Но, во Европа и во поголемите клубови се уште постојат џентлмени, односно играчи кои си ја ценат своја професија и не трчаат по парите.
Еден од нив е Един Џеко кој „ладно“ ја одби мега понудата од Кина. Причината едноставна, Џеко се одлучил фудбал да игра од страст кон главната споредна работа во светот, а не поради кинеските милиони.
Кинеските клуб на Џеко му понудил 16 милиони евра месечно, а тоа е три пати повеќе од сегашната заработка по месец на босанскиот репрезентативец на Олимпико.
Капитенот на босанците сезонава игра во одлична форма и со 13 голови во 17 натпревари се наоѓа на второто место на голгетерската листа во Серија А.
OhridNews