
Самите инвеститори кои ќе вложат многу пари, нагласи, ќе мора да најдат начин да донесат туристи за да си ја повратат инвестицијата.
– Влегуваат со конкретен план како да вложат огромни средства, но и како да ги повратат зошто секој инвеститор сака да оствари профит. Тоа е добро за Македонија бидејќи неговото остварување на профит ќе значи и девизен прилив за државата, зголемување на бројот на туристи, зацврстување на Македонија и зајакнување на туристичката мапа на светот, а пред се на Европа, потенцира Груевски.
Во тој правец, додаде, сериозен придонес е што Владата минатата година донесе одлука почетна цена за јавно наддавање на градежното земјиште за изградба на хотели да го сведе на едно евро за метар квадратен и тоа охрабри многу иинвеститори да се појават на државните јавни тендери за купување на земјиште. Дополнителен импулс беше и фактот што овозможивме за 95 отсто да се намалат комуналиите за изградба на хотели со што се сведени на речиси симболична цена.
-Со токлу многу вложување, вклучувајќи ги и меѓународните камапњи за привлекување на туристи и се поголемиот интерес од страна на меѓународните тур операторите работите ќе продолжат да одат во добар правец. Освен што ќе има финансиски подршки и нови туристички понуди од типот на музеи и други содржини од областа на културата, историјата, и генерално на туризмот, ќе продолжи и целокупната финасиска поддршка од страна на Владата така што очекувам работите да одат во добар правец, посочи Груевски.
Премиерот очекува и во текот на наредната година работите во туризмот да продолжат да се движат во добра насока и да има зголемување на бројот на туристи.
– Во минатиот месец бројот на странски туристи во Македонија е зголемен за 8 проценти, а бројот на ноќевања за 19 проценти. Тоа е резултат на едно подолго залагање на Владата и инвестиции и проекти во областа на туризмот. Освен што ја збогативме понудата, дадовме и субвенции за тур-оператори и за нови летови, вложуваме во развој на различни видови на туризам и имаме нови планови, изјави Груевски.
За следната година, додаде, се алоцирани три милиони евра како директна поддршка на туризмот, но и дополнителни проекти кои директно или индиректно ќе му помогнат на туризмот.
Со законот за туристички развојни зони, што неодамна го усвои Собранието предвидена е изградба на 8 такви зони во Охрид, Струга и Преспа.












