Има ли исплатливост во бизнисот со лешник? По направените анализи каде увидовме дека Македонија увезува 99% за своите потреби од лешник, свативме дека постои можност за отпочнување со овој бизнис, кој го започнавме од една нива со мал број стебла, за да стигнеме до единаесет илјади стебла, вели во емисијата „Напладне“, Бошко Нелкоски сопственик на компанија за производство на органска храна.
Не планираме повеќе да го шириме производството, но планираме поддршка на наши земјоделци. Иако на почетокот анализата беше за македонскиот пазар, увидовме дека овде не се бара високо квалитетен лешник и не можеме тука да одговориме, не можеме да се натпреваруваме со турскиот лешник кој е многу евтин, го има многу, а ние одиме со врвен квалитет, па производството го насочивме за европскиот пазар, додава Нелкоски.
OhridNews