Екипата на Милан врза две победи во серија, сепак е далеку од врвот на табелата во „калчо лигата“. Двете победи влеаја трошка надеж во тимот на „росонерите“, а во 26-та рунда ги очекува дерби средба со лидерот Јувентус.

Во дерби пресметките во Серија А не секогаш триумфирал тимот кој е погоре на табелата. Судејќи по моментална ситуација Јувентус е фаворит во мечот со Милан, но „росонерите“ можеби ќе имаат сила за чудо.

Двојки : Рома – Интер, Каљари – Удинезе, Верона – Болоња, Џенова – Катанија, Аталанта – Киево, Сасулоло – Парма, Торино – Сампдорија, Ливорно – Наполи, Милан – Јувентус, Фиорентина – Лацио.

Табела : Јувентус 66, Рома 57, Наполи 51, Фиорентина 45, Интер 40…

Мх.П.