Непозната жена објавила оглас во кој се опишала самата себе и човекот со кој имала секс на концертот на бендовите “Megadeth” и “Motorhead”, а причина за тоа е што непознатото момче е татко на нејзиното дете. Во огласот пишувало „Ако си ти човекот кој во февруари беше на концертот на “Megadeth” и “Motorhead” во Чикаго и имаш црвена коса и пирсинг во облик на змија, тогаш си татко на моето дете.
Како тогашниот партнер би се сетил полесно, таа се опишала како русокоса девојка која таа ноќ носела чизми и сребрена маица, а како местото каде што имале секс го навела тоалетот во салата “Aragon Ballroom”. На крајот на огласот напишала доколку човекот сака да биде дел од животот на детето, слободно да и се јави.