По назначувањето на Елена Скрческа за в.д. Директор на ЈП „Охридски Комуналец“, со решение на градоначалникот Никола Бакрачески денеска јавните претпријатија во Општина Охрид добија вршители на должноста Директор.
Во ЈП „Градски Гробишта„ за вршител на должноста Директор именуван е Зоран Симоноски.
Со јавното претпријатие „Градски Пазар“ ќе раководи в.д. Директорот Виолета Цепенкоска.
Никола Икономов ќе биде в.д. Директор на ЈП „Нискоградба“
За вршителот на должноста Директор на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква„ во тек се усогласувањата со општина Струга
Боро Шаин, директорот на ЈП „ Билјанини Извори„ е разрешен од директорската функција, а на негово место ќе биде поставен вршител на должноста директор веднаш после Велигденските празници.
Од денеска со решение на градоначалникот Никола Бакрачески именувани се и вршители на должноста Директор во пет основни училишта во општина Охрид.
Во основното училиште „Григор Прличев„ нов в.д. Директор е Силвија Мојсоска , во ОУ „ Св. Климент Охридски“ – Јордан Пуроски , во ОУ „Св. Наум Охридски„ с. Пештани – Илија Стојаноски, во ОУ „Кочо Рацин“ – Соња Милеска.
Нина Момироска заради постигнатите добри резултати во изминатиот период од своето работење и понатаму ќе ја извршува должноста Директор во ОМУ „ Методи Патче“
Во јавната општинска установа Детска градинка „Јасна Ристеска“ новиот вршител на должност директор ќе биде Роза Костоска, соопшти Локалната самоуправа.