Утре, во Скопје, во Македонската акедемија на науките и уметностите се очекува да биде соопштено името на годинешниот лауреат на 50-то, јубилејно издание на светски реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

На прес-конференцијата, која ќе се одржи по тој повод, ќе бидат присутни министерот за култура Елизабета Канческа- Милеска, директорот на манифестацијата, Данило Коцевски и членови на Управниот одбор на манифестацијата.

OhridNews