Името на еден од најдобрите фудбалери во историјата на Интер, Хавиер Занети, ќе живее вечно, откако клубот од Милано го повлече од употреба дресот со број четири, кој 19 години го носеше Аргентинецот.


Трикратниот Европски првак организираше специјален хуманитарен натпревар на „Џузепе Меаца“ на кој и официјално се прости неповторливиот капитен.

– Сакам да им се заблагодарам на сите играчи и пријатели кои го организираа овој натпревар. Никогаш нема да го заборавам овој ден, овој меч и немам зборови со коиможам да го опишам чувството. – рече Занети.


Аргентинецот се повлече од фудбалот минатата сезона, а со „нероазурите“ успеа да освои пет титули во Серија А, четири во Купот на Италија и по една во Лигата на Шампиони и Светското клупско првенство.

Мх.П.