Шеикот Хамад Бин Хамдан Ал Најан, член на владеачкото семејство во емиратот Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати, побарал неговото име да се напише со огромни букви видливи од вселената. Така работниците по негов налог го напишале името „Хамад“ во песокот на островот Ал Футаиси.
Буквите се протегаат на три километри, а секоја од нив е висока по еден километар. Буквите „Х“, „М“, и првото „А“ всушност се канали низ кои може да се плови. Според информациите кои ги претстави бритаснкиот таблоид „Сан“, шеикот е „тежок“ 22 милијарди долари, а од него е побогат само саудискиот крал. Поседува повеќе од 200 автомобили, вклучувајќи и седум мерцедеси 500 SELS во боите на виножитото.