Екипата на Барселона влегува во финални преговори со фармацевтската компанија од Каталуња, „Гифолс“ за продавање на името на стадионот Ноу Камп.

Ако преговорите вродат со плод на постоечкото име Ноу Камп ќе му се додаде името од компанијата. Двете страни ќе потпишат 30-годишен договор, а клубот ќе добие 340 милиони евра.

Барселона мора да ги зголеми приходите од спонзорските договори, бидејќи води преговори со Лионел Меси, кој се очекува да го продолжи договорот и за тоа да добие 200 милиони евра бонус.

Клубот од Ноу Камп еднаш се соочи со забрана за трансфер и потпишување на нови договори со фудбалерите, а уште една таква ситуација ќе ја доведе Барселона во тесно, односно Меси да остане без договор.

Исто така Барселона планира да го реконструира Ноу Камп и повторно да биде домаќин на некое големо натпреварување.

OhridNews