Навивачите на Галатасарај со восхит ја пречекаа информацијата за Фатих Терим, кој по четврти пат ќе го преземе кормилoто на најтрофејниот клуб во Турција.
Популарниот „Император“ како што го нарекуваат навивачите на клупата од Галатасарај го наследува Игор Тудор кој доби отказ по серијата слаби резултати.
Со Терим на клупата екипата на Галатасарај го освои трофејот во Купот на УЕФА, а селекцијата на Турција го имаше најголемиот успех пласирајќи се помеѓу четирите најдобри на ЕП 2008 година во Австрија и Швајцарија.
Турскиот стратег може да се пофали со искуство во Серија А водејќи ги тимовите на Милан и Фиорентина.
OhridNews