Австрија претпре пораз од Турција со 2-1 на пријателскиот меч во Виена во рамките на подоготовките за престојното Европско првенство во Франција. Јунузовиќ погоди за домаќините кои и покрај водството претрпеа пораз со головите “плејмејкерот“ на Баер Леверкузен, Хакан Чаланоглу и фудбалерот на Барселона, Арда Туран.

– Среќен сум за постигнатиот гол и за победата која е доста важна за нашиот тим, сакавме да ја продолжиме победничката низа, Австрија е силен тим кој низ квалифиакциите немаше пораз и знеме дека е тешко да се надигра на домашен терен. – ни рече Чаланоглу.

Турција на ЕП во Франција се пласираше во последната рунда, и тоа како една од најдобро третопласирана селекција. Победата над Исланд во 89 минута ги отвори портите кон Франција. каде ќе се сретнат со Хрватска, Чешка и Шпанија.

– Тешко е да се каже како ќе биде таму, мора да одиме чекор по чекор, имаме тешка група нема да биде лесна задача но нашата цел е да се пласираме во нокаут фазата – додаде експертот за слободни удари Хакан Чаланоглу. 

Селекторот на Турција, Фатих Терим ја подига еуфоријата во пресрет на континеталниот собир. Турција во овој мини подготвителен период забележа две победи и тоа над Шведска 2-1 и Австрија 2-1. – Секоја победа извојувана на интернационално ниво е битна и значајна. Секако дека сме среќни поради оваа победа која ќе го подигне моралот на тимот. Нашите шанси на ЕП ? Се уште е рано да се зборува за тоа има уште доволно време до мечевите во Франција. Ние ќе продолжиме да тренираме што подогтвени да ги пречекаме мечевите.– ни изјави популарниот Император, Фатих Терим.

По серијата победи, Австрија мораше да “пушти“ рака и да им ја честита победата. Моторот на тимот Дејвид Алаба, потенцираше дека “црвено-белите“ добро одиграа но не ја постигнаа целта.

– Ова е еден горчлив пораз. Силно сакавме со победа да се вратиме дома.Направивме повеќе од противникот но самите себе се победивме. Двата гола беа постигнати по наши грешки. – истакна фудбалерот на Баерн Минхен.

Дефанзивецот на Динамо Киев, Александар Драговиќ смета дека од поразот има што да се извлече како поука. Голот на Чаланоглу го завртил мечот.

– Тоа се голови на кои нема што многу да направиш. Знаеме дека Хакан располага со одличен удар , кој токму против нас успеа да го демонстирара. Можеме да бидеме задоволни од залагањето, секако не и од резултатот. Грешките се случуваат во фудбалот, а овој пораз беше по наши грешки, поклони кои тие успеаа да ги искористат. До ЕП има уште доста време, она што е важно да го ивлечеме како поука е тоа да не им даруваме поклони на нашите противници. – рече Драговиќ.

Австрија пред почетокот на ЕП ќе одигра уште два пријателски меча. Првиот против Малта, додека генералната проба пред ЕП ќе ја има на 4 јуни против Холандија во Виена.

Туран под “посебен“ режим.

Стрелец на победувачкиот гол за Турција беше звездата на Барселона , Арда Туран. Тој се наметнува како лидер на тимот откако на последните 10 меча за Турција.постигна четири и асиситираше на четири гола. Тој беше под посебен режим во Виена.

По завршувањето на мечот го напушти стадионот во Виена и со приватен лет замина за Барселона. Само мал дел од неколкуте стотина турски навивачи кои го “обиколија“ неговото возило пред стадионот успеаа да добијат автограм и да се сликаат со него.

Мирко Постоловски