Уште еден прекрасен концерт на класична музика се вброи во програмата на 64. Издание на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“. Контрабасистот Доминик Вагнер и пијанистката Софија Палуровиќ, млади уметници со високо уметничко реноме ја воодушевија публиката, како со својот виртуозитет, така и со внимателно избраниот репертоар за летната фестивалска ноќ.

Музиката за контабас заслужува поголемо внимание отколку што добива. До пред неколку години ни самата јас не бев свесна колку прекрасна музика и прекрасни аранжмани постојат за контабас, но свирејќи со Доминик се уверив колку е богат тој репертоар. Во Охрид поточно во црквата „Света Софија“ сум вторпат, првиот пат кога имав само 13 години учествував на едно натпреварување и за мене беше едно до најубавите места на кое сум настапила, вели Палуровиќ.

Секогаш сакам да комбинирам дела кои ѝ се познати на публиката со некои композиции кои не ги познаваат. Вечерва свиревме соната од Бетовен и композиција на Малер аранжирана за контрабас и пијано. Тие се познати композитори, но потоа го свиревме Ботесини кој е попознат помеѓу контабасистите и Андрес Мартин кој често ја изненадува публиката. Кога ќе го прочита името на Бетовен, публиката знае што да очекува, но со Мартин секогаш се пријатно изненадени и возвраќаат со позитивна реакција, вели контрабасистот Вагнер кој целата позитивна енергија што ја располага како личност и како уметник вчеравечер ја сподели со публиката.

OhridNews










