По одличниот старт кој донесе извонредни шоуа, „Summer Comedy Marathon 2026“ фестивалот продолжува во препознатливиот ритам најавувајќи уште едно несекојдневно комично доживување.

На 28 јули, вторник, со почеток во 20 часот, во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, ќе биде изведено театарското шоу „Импровокација“, каде што секоја сцена се создава во моментот и никогаш повеќе не се повторува.

„Импровокација“ е претстава без однапред напишан текст, без режиран тек и без однапред познат крај. Публиката предлага идеи, а актерите ги претвораат во урнебесни ситуации, комични ликови и целосно спонтани сцени, што го прави секое издание единствено.

На сцената ќе ги видиме искусните импровокатори: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, Никола Јосифоски – Чиче, Филип Ангеличин Жура.

Подгответе се за вечер исполнета со многу смеа, неверојатни реакции, неочекувани пресврти и интеракција со публиката, која ја создава претставата.

Билетите по цена од 400 денари се достапни онлајн на „hahaha.mk“, а резервации можат да се направат и на телефонот 075 283 066.

Поради ограничениот број места, сместувањето во салата ќе биде според принципот „прв дојден – прв услужен“, посочуваат организаторите.

Шоуто не се препорачува за лица помлади од 16 години.

OhridNews Promo