Во недела, на 28 септември 2025, во Народен Театар Охрид публиката ќе може да го погледа комичното шоу Импровокација.

Импровокација претставува театарска импровизација и нејзината цел е преку неформален и забавен начин да ја демифистицира магијата на создавање театарски игри (сцени), за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика.

Почетокот на шоуто е во 20:00 часот, а актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од Никола Јосифоски и Филип Ангеличин – Жура, ветуваат многу смеење и забава.

Картите може да се резервираат на телефонскиот број 075 283 066

OhridNews