Доцна синоќа по кратко боледување во својот дом на 66 години почина проф. д-р Миладин Крстаноски, истакнат професор.

Дипломира на универзитет “Св. “Кирил и Медодиј“ Правен факултет- Скопје во 1975 година и се стекнува со звањето дипл. правник • 1980 година го положил Правосудниот испит. Последипломски студии: магистрира на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ Правен факултет –Скопје на Катедрата за кривично право и криминологија и се стекнува со звање магистер по правни науки; Докторската дисертација во кривичното право и криминологила ја брани на Правниот факултет во Скопје при Универзитет “Св. “Кирил и Медодиј“ “-и се стекнува со звање доктор по правни науки.

Проф. д-р Миладин Крстаноски е добитник на највисокото општинско признание, наградата Свети Климент Охридски – патрон на градот, за животно дело во 2008 година.

Проф. д-р Миладин Крстаноски во својата кариера работел во “Отекс” Охрид, бил секретар во печатница “Коста Абрашевиќ” –Охрид, директор на општ сектор во фабриката “Борис Кидрич”- Струга, секретар на ГП “Трудбеник”- Охрид, претседател на Судот за прекршоци -Охрид, Општествен правобранител на самоуправувањето –Охрид и директор на Казнено-поправната установа –Затвор Охрид. Во 1995 година е избран за професор на Факултет за туризам и угостителство-Охрид по група на правни предмети на сите насоки каде работеше со звање редовен професор.

Во истото звање предава и на други државни факултети во Р.Македонија и во странство. Во својот плоден работен век проф. д-р Миладин Крстаноски вршел и други општествено-политички и стручни функции како претседател на Социјалистички сојуз на општина Охрид, претседател на здружението на пенолозите на Р.Македонија, претседател на културно-просветна заедница-Охрид, член на Комисијата за условен отпуст при Министерството за правда на Р.Македонија, бил член на други комисии за изработка на позитивно-правни прописи од областа на кривичното право и извршувањето на кривичните санкции и друго.

Проф. д-р Миладин Крстаноски е автор на 50 книги од областа на правото и повеќе од 100 научни и стручни трудови објавени во Р. М и странство.

Крстаноски досега објавувал и повеќе статии во “Млад борец”, “Студенски збор”, “Нова Македонија”, “Дневник”, “Пулс”, “Фокус” и др.

Посмртните останки на проф. Д-р. Миладин Крстаноски ќе бидат исложени во недела на 27. април во капелата во Охрид од 12.00 до 13.00 часот. 

OhridNews