Чуварот на мрежата на Вардар, Ина Суслина е една од трите ракометарки кои ја одбележаа третата рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

38-годишната Русинка на мечот со Ларвик во Норвешка имаше фантастични 17 интервенции и беше клучната фигура во триумфот на Вардар (31-19).

Покрај неа во третата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони блеснаа Луис Катарина Бургард од тимот на Митјиланд и голманката на Мец, Марина Рајчиќ.

Една од нејзините одбрани беше сместена во најдобрите пет за заокружување на одличниот викенд на голманката и македонскиот ракометен првак.

Видео прилогот за трите ракометни ѕвезди можете да го погледнете тука.

OhridNews