Во врска со вчерашниот инцидент на улицата „Гоце Делчев“, од СВР Охрид информираат дека во 22 часот и 45 минути, од страна на 32-годишен охриѓанец било пријавено оштетување на неговото возило „Опел Зафира“ со охридски регистарски што се случило на наведената улица.
- Според пријавителот, управувајќи го автомобилот, тој слушнал удар врз автомобилот и откако застанал, на кровот забележал оштетување, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По наредба на Јавен обвинител, на поширокото посочено подрачје извршен е преглед, но не се пронајдени чаури или други траги поврзани со испукување од огнено оружје. СВР Охрид презема дополнителни мерки за расветлување на овој случај.
Од СВР Охрид, воедно ги демантираат и написите во дел од медиумите во кои се наведува дека вчеравечер на улицата „Гоце Делчев“ дошло до пукање од огнено оружје пред изборен штаб на политичка партија.
OhridNews