Вечерва еден од најпрепознатливите ноќни клубови во Охрид – INclusive Disco, одбележува 4 години постоење со голема роденденска забава. По тој повод, на сцената ќе настапи Ѓоко Танески, во вечер исполнета со емоции, музика и енергија.

INclusive не е само ноќен клуб – тоа е концепт, заедница и идеја која публиката ја препозна и ја прифати. Токму посетителите, со својата лојалност и поддршка, се најголемата сила зад успешната приказна на клубот.
По повод четвртиот роденден, тимот на INclusive Disco упатува искрена благодарност до сите гости, пријатели и соработници кои беа дел од ова патување и помогнаа визијата да стане реалност.
Сабота, 20.12 – INclusive Disco, роденденска ноќ која се слави со срце, музика и заедништво.
OhridNews












