Фудбалерите на Инџија, кои во последните две години го користеа Охрид како база за подготовките за вториот дел од сезоната, годинава го заобиколуваат “Билјанини Извори“ и заминаа на подготвки во Херез, Шпанија.

Отпатуваа за Шпанија – дел фудбалерите на Инџија

Во новата база на “зелено-белите“ ќе останат 18 дена и ќе одиграат серија пријателски натпревари . Првиот противник ќе им биде Кадиз, потоа ќе одиграат меч со Локомотив од Москва, Бетис, како и Полските прволигаши Легија и Визев од Лоѓ. Серијата пријателски ќе ја заокуржат со уште еден меч против Кадиз.

Инџија по првиот дел од првенството, со 13 освоени бода се наоѓа на 12 позиција.

М.П.