Џастин Вилсон (37), поранешен возач во Формула 1, почина од тешките повреди на главата со кои се здби за време на трката во Инди Кар серијата, на патеката Поконо. Ова е прва смрт во Инди Кар од 2011 година кога животот го загуби Дан Велон.

На 21 круг до крајот на трката во Поконо, во тој момент лидерот во трката Саге Карам удри во заштитниот ѕид, а делови од билидот се разлетаа по патеката. Еден од деловите кои летале по патеката го погодил во главата Вилсон, кој загубил контрола врз својот болид и, исто така, удрил во заштитниот ѕид.

Несреќниот Вилсон веднаш бил префрлен во најблиската болница, а во вторникот им подлегнал на повредите.

Вилсон зад себе ја оставил сопругата и двете малолетни деца.

Џастин Вилсон во Формула 1 се натпреваруваше во  во 2003 година во екипите на Минарди и Јагуар, а со 197 сантиметри беше највисокиот возач во Ф1 историјата.

„Макфакс“

Ohridnews