Медиумите во Индија јавуваат дека индиското регулаторно тело СЕБИ ги предупредува инвеститорите и јавноста да бидат внимателни во бизнис зделките со оваа групација, пренесува „Капитал“. Индискиот бизнисмен кој неодамна претстојуваше во Македонија веќе најави инвестиции од неколку стотици милиони евра во земјава.

„Сите плаќања со Sahara India Real Estate Corp Ltd, Sahara Housing Investment Corp Ltd како и со тројцата директори -Vandana Bhargava, Ashok Roy Choudhary и Ravi Shankar Dubey, да се прават на сопствен ризик “, посочува регулаторот на пазарот во Индија, СЕБИ.-пишува „Капитал“.

Наспроти вакците информации од Индија, дел од македонските медиуми пренесоа дека делегација од фирмата на Рој деновиве претстојува во Македонија за да подготви терен за почеток на инвестицијата во Љубаништа.

Оптимизам дека најавениот мега проект во Охрид ќе се реализира, неодамна изрази и министерот за финансии Зоран Ставрески, кој истакна дека инвестицијата на Субрата Рој во Македонија непречено ќе продолжи и ќе стане реалност.

OhridNews