Туристичката понуда на Охрид е побогата за нов, супер модерен Спа центар, кој неодамна започна со работа во ребрендираниот хотел „Инекс Олгица“ во Охрид.

 

На Охрид и охриѓани им беше потребен голем и луксузен спа центар на добра локација како што е хотелот „Инекс Олгица“, вели дипломираниот кинезитерапевт Јован Каланоски, шеф на Спа центарот „Инекс Олгица“ во Охрид.

Целта ни беше да направиме поразличен спа центар од стандардните подрумски спа центри, кои што се малку затворени, направени на простор кој немало за што друго да се искористи. Сакавме покрај спа услугата да понудиме и психорелаксација, топлина, еден мир, кој што го има ова место. Затоа Спа центарот во хотелот „Инекс Олгица“ го направивме на голем простор, каде што секој може да ужива не само во базените, спа услуги, сауни и парни бањи, туку и во глетката и мирот што го дава прекрасната природа. Не штедевме на простор и го одбравме најубавото место во комплексот за спа центар кој во иднина ќе биде проширен и збогатен со други услуги. – истакна Каланоски.

Идејата е спа центарот во хотел „Инекс“ Олгица“ да прерасне во еден од најдобрите во регионот, но и да биде достапен за сите.

Нашиот Спа центар нема да биде достапен само за хотелски гости, туку и за охриѓани. Свесни сме дека нашите сограѓани барем еднаш до два пати годишно патуваат во спа центри во регионот. Сега ќе имаат можност да користат спа услуги со врвен квалитет тука и во секое време, секако со пристапни цени, кои нема да се петѕвездени, иако се работи за елитен хотел од највисока категорија. – вели Каланоски.

Спа центарот во хотелот „Инекс Олгица“ располага со добро затоплен затворен базен со константна температура на водата од 29 степени Целзиусови и константна температура во воздухот од 28 степени. Долг е 13 метри, широк 6 метри, длабок е метар и половина и има 4 џакузи. Базенот е со поглед на прекрасната природа и Охридското Езеро, исто како и сауната каде посетителите може да се релаксираат и да уживаат. Во Спа центарот има и парна бања, која може да биде и арома терапија во зависност од потребите, топли лежалки и столици, тушеви и соблекувални со сигурносни шкафчиња.

Целиот систем е изграден на високо ниво и се се’ контролира со електронски картички и електроника за целосна безбедност. Во склоп на Спа центарот има и фитнес сала, исто така со поглед кон езерото. Прекрасно е да спортуваш и да уживаш во охридското зајдисонце, кое  е едно од најубавите во светот. Спа центарот има и тераса со многи лежалки и бар кој освен стандардните услуги ќе нуди и здрави напитоци како шејкови и смуди. – рече Каланоски.

Спа центарот во хотелот „Инекс Олгица“ ќе работи 7 дена во неделата од 8 – 20 часот. Ќе го опслужува професионален тим од четворица квалификувани терапевти кои ќе вршат исклучиво масажа услуги, како спортски масажи, спа, арома, чоколадни и вино терапии и други масажни техники со врвен квалитет.

Плановите ни се амбициозни. Сакаме да го издигнеме овој Спа центар на врвот во поширокото опкружување. Планираме во иднина тука да има и хималајски соби, ледени соби, јапонски кади и други благодети кои ги нуди спа туризмот, а во преговори сме за набавка на рековери капсула за спортисти. Имаме поддршка од сопствениците и менаџментот на хотелот така што не застануваме тука. – најавува Каланоски.

Со отворањето на ултра модерниот Спа центар, хотелот „Инекс Олгица“ ја збогатува понудата, што треба да придонесе за намалување на сезоналноста, како еден од најголемите проблеми на охридскиот туризам.

Наша цел е да нудиме квалитетни услуги во сите четири сезони. Имаме прекрасно езеро и планина, а сега и извонредни спа пакети кои ќе може да се користат преку целата година. Во зима сакаме сите да одиме во спа центри да се стоплиме и згрееме. Патуваме во градови и села во регионот, а тука имаме најчист воздух и најубава природа, буквално се што ни треба за квалитетен туристички производ кој ќе биде атрактивен во текот на целата година. Затоа туристичките работници треба да инвестираат во спа центри со кои можеме да привлечеме гости и надвор од летната сезона. Ни се чудат туристите зошто немаме гости и во ноември и другите месеци надвор од сезона, но мора да работиме сите и да се ангажираме да ја прошириме нашата понуда со квалитетни производи кои ќе бидат привлечни и ќе придонесат за проширување на сезоната во Охрид, како што тоа го направи хотелот „Инекс Олгица“, изјави Јован Каланоски, шеф на Спа центарот во еден од најубавите ресорти на охридската ривиера.

OhridNews