Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино откри дека повеќе земји се согласуваат да се зголеми бројот на учесници на Мундијалот во Катар кој ќе се одржи 2022 година. Место досегашните 32 да учествуваат 48 селекции.

  • Голем број национални фудбалски сојуз од сите краеви од светот отворено искажаа желба за проширување на Светското првенство. Ќе направиме анализа, а потоа ќе донесеме конечна одлука до јуни оваа година. – изјави Инфантино после состанокот на Извршниот одбор на ФИФА.

Прв проблем со кој би се соочил Катар е немањето на доволен број на стадиони да се одиграат сите мечеви.  Затоа не се исклучува можноста уште некоја земја да се вклучи како домаќин, ако ФИФА одлучи Мундијалот да се игра со 48 селекции.

На Светското првенство минатата година кое се одржа во Русија триумфираше Франција. „Триколорите“ во финалето со 4-2 ја совладаа Хрватска.

OhridNews