
Пораст на индексот на трошоците на животот во јуни во споредба со истиот месец лани има кај обувките и облеката за 4,9 отсто, домувањето за 5,3 отсто, а огрев и осветлување за 7,7 отсто. Во однос на претходниот месец пораст има кај овошјето за 13,5 отсто, мастите за 2,1отсто, безалкохолните пијалаци за 0,7 отсто, алкохолните пијалаци за 0,6 проценти и преработките од месо за 0,5 отсто. Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележано и кај туристичките аранжмани за 1,5 отсто, обувките за 1,4 отсто и превозот на патници со авион за 0,3 отсто.












