Општина Струга, преку Одделението за меѓународна соработка и европски фондови, организира Инфо ден за програмата Erasmus+, наменет за основните и средните училишта на територијата на општината.
Настанот има за цел зајакнување на капацитетите на образовните институции и поттикнување на нивното активно учество во Erasmus+ програмата, како и подобро искористување на можностите за ученици и наставен кадар, велат од Општина Струга.
Инфо денот ќе се одржи утре, 3 февруари, со почеток во 11:30 часот во Europe House – Струга
OhridNews












