Во новоотворениот спортски центар „Инфо-фитнес“ се одржа рекреативен општински пинг-понг турнир, на кој учествуваа петнаесетина пинг-понг рекреативци.


Во силна конкуренција, победи Кирил Пуцоски од Охрид, додека второто место му припадна на гостинот, интернационалецот Ле Хуан Анх од Кина.


Третопласиран заврши охриѓанецот Гоце Маркоски. За најдобрите беа доделени дипломи и пригодни награди.

Од “Инфо-Фитнес“ центарот се задоволни од одзивот на првиот турнир, најавуваат повторно огранизирање на вакви турнири и тоа не само во пинг-понг, туку и во кошарка, фудбал, како и во останатите спортови кои охриѓани може рекреативно да ги практикуваат во модерниот спортски комплекс.

М.П.