Викендов, на градските улици во Охрид, по јубилеен петти пат ќе се одржи Атлетската манифестација Охрид трчаТ. Упатуваме апел до сите граѓани, жители на улиците, дистрибутери, туристичките работници, гости, такси компании, за почитување на времениот режим на сообраќај, кој на сила ќе биде в недела (6 јуни) од 7:30 до 11 часот.

Охрид е Охрид трчаТ и Охрид трчаТ е Охрид, со таа визија Ве повикуваме сите заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние кои и во вакви услови одлучиле да дојдат, да трчаат и да уживаат во убавините на Охрид, – велат организаторите.

Од срце им се заблагодаруваме на сите за разбирањето и повикуваат за почитување на насоките на редарите, судиите, волонтерите, сообраќајната полиција и сигнализацијата, – додаваат од „Охрид трчаТ“.

Атлетската манифестација е в недела претпладне, а утре веднаш до Октава во дворот од Хотелот Палас ќе биде експото каде учесниците ги подигнуваат стартните пакети.

OhridNews