Брошурите и плакатите содржат корисни информации за услугите кои ги вршат МВР, Министерството за надворешни работи како и Управата за матична евиденција во делот на издавање и замена на лични карти, патни исправи и возачки дозволи, пријавување престој во земјава, пријавување на новородено дете, издавање на уверение за државјанство и останати услуги за граѓаните.
Брошурите и плакатите се на македонски и на англиски јазик и ќе бидат дистрибуирани на сите гранични премини, потоа во дипломатско конзуларните претставништва на земјава, како и до македонските организации ширум светот.