Во рамки на активностите за промоцијата пред јавноста на мерките и активностите кои произлегуваат од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, во среда, 25 јуни, во 10 часот во салата на Советот на Општина Охрид ќе се одржи информативен ден.

На инфо деновите се поканети стопанските комори, здруженија на занаетчии, здруженија на млади и сите граѓани кои сакаат подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на министерството за економија и труд, посочуваат од Општина Охрид.
OhridNews











