OhridNews, како професионален медиум информира дека имајќи ги предвид околностите во кои започна актуелната изборна кампања за претстојните локални избори, неселективно, објективно и навремено ги објавуваше сите информации поврзани со учесниците во кампањата, без оглед дали се работеше за најавени настани, прес конференции, информации од јавен интерес, политичка кампања, реакции или класично комерцијално соопштение.

Ги известуваме сите учесници во изборниот процес, дека почнувајќи од денес, 9-ти март, OhridNews повеќе нема да објавува информации, соопштенија, реакции, изјави и партиски преписки од политички партии, институции и други субјекти поврзани со предизборната кампања и активности кои се однесуваат на неа, вклучително и прес конференции во функција на изборно рекламирање, на субјектите кои немаат склучено договор за политичко рекламирање со нашиот медиум.

Појаснуваме дека формата на комуникација преку писмени соопштенија, ставови, известувања, деманти и слично ќе можат да ја користат само политичките субјекти кои ќе склучат Договор за платено политичко рекламирање, согласно официјалната понуда на интернет медиумот OhridNews. Во спротивно, укажуваме дека истите нема да се објавуваат.

Исто така укажуваме дека доколку учесниците во предизборната кампања немаат склучено Договор за платено политичко рекламирање, информациите, соопштенијата и другите форми на изразување, емисии, како и рекламните пораки во сите варијанти, ќе може да ги емитуваат на најчитаниот интернет портал во регионот исклучиво со однапред подмирени обврски согласно ценовникот за платено политичко рекламирање и правилникот на OhridNews за покривање на изборите, кои се содржани во официјалната понуда.

Исто така ги информираме учесниците во кампањата дека е потребно доколку склучат Договор за платено политичко рекламирање,  да не известат кои се официјалните лица за контакт, официјалниот е-mail за комуникација со меморандум и лице(а) за односи со јавност, а сето тоа заради прецизна и непречена комуникација. Информациите надвор од овие рамки нема да се објавуваат од предострожност заради заштита на учесниците во кампањата и нас како медиум.

Со оглед на тоа дека политичките коалиции се составени од повеќе партии, информираме дека за време на изборниот процес нема да се објавуваат соопштенија, ставови, реакции, деманти и информации поединечно од партии, туку исклучиво од официјалниот Општински изборен штаб на коалицијата со меморандум испратен само од официјалниот е-mail на коалицијата.

За дополнителни информации поврзани со рекламната изборна кампња на OhridNews, учесниците во изборната кампања можат да не контактираат на официјалната e-mail адреса: [email protected], како и на официјалната контакт адреса [email protected].

OhridNews