Црвен крст Охрид денес на градскиот плоштад со почеток во 13 часот организира информативен штанд и штанд за мерење на крвен притисок.

Од Црвен крст Охрид потенцираат дека срцево-садовните заболувања се еден од водечките здравствени проблеми во светот. Високиот крвен притисок, неправилната исхрана, недостатокот на физичка активност и стресот се само некои од факторите кои го зголемуваат ризикот. Превенцијата и навремената грижа за здравјето можат значително да ја намалат можноста за срцеви компликации, се додава во нивното соопштение.
Грижете се за вашето срце! Превземете чекор кон подобро здравје – посетете нè утре, измерете го вашиот крвен притисок и дознајте како да се заштитите, порачуваат од општинската организација на Црвен крст.
OhridNews











