За градежната механизација во годината што измина имаше работа претежно во продолжување и заокружување на тековни инфаструктурни проекти во патната мрежа, некои почнати и пред повеќе години, во железничката, каде стартуваа работи по двегодишна пауза, во гасоводната исто така за завршување на почнатите  магистрални делници.

За инфраструктурата во старата година за одбележување е новиот почеток за пругата кон Бугарија и завршувањето на експресниот пат Штип Кочани.

Новата 2023 година, пак, е краен рок за автопатот Кичево – Охрид, а треба да биде почеток за автопатите на коридорите 8 и 10 што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, но и на интерконекторот со Грција и на гасоводната дистрибутивна мрежа.

Крајот на 2023-та краен рок за изградба на автопатот Кичево – Охрид

За 2022 година беше ветено дека ќе бидат пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот во изградба Кичево-Охрид.

Фактичката состојба на терен покажува е дека е завршена и пуштена за сообраќај под времен режим десната автопатска лента од Требениште кон Охрид, освен кај Подмоље каде се одвиваат градежни работи за колекторскиот систем.

Власта уверува дека овојпат ќе се испочитува рокот за завршување на изградбата на автопатот, почнат пред шест години, со финансиска конструкција од 598 милион и евра.

Очекуваат годинава да заврши изградбата и  како што најави премиерот Димитар Ковачевски веќе во јануари 2024 година да се вози по автопатот.

OhridNews