Лајонс клубот Лихнидос, од Охрид, и досега познат по многу иницијативи од непосредна корист за граѓанството, одбра својата десетгодишнина од постоењето, да ја прослави организирајќи настан и изложба: “500 години генијалност”, во чест и слава на Леонардо да Винчи.
Свеченоста, на која ќе говорот професор д-р Зоран Тунтев и галерисотот и добар познавач на ликовната уметност, Љупчо Жупан, од галеријата Букефал, е закажана за недела, 12 мај, со почеток во 18:00 часот, во црквата Св. Богородица Перивлепта, во Охрид.
Ликовната изложба, под наслов “500 години генијалност”, а и самото одбележување на нашиот скромен јубилеј – 10 години постоење, ги организираме во чест и слава на големиот уметник, истражувач и конструктур, Леонардо да Винчи. Тоа е, всушност, роденденски подарок за нашите охриѓани, но и за целата македонска јавност, како и за бројните туристи, кои во моментов престојуваат во нашиоит убав град, вели професор Тунтев, од Лајонс клуботот Лихнидос.

Леонардо да Винчи (Leonardo da Vinci) роден е во селото Винчи, Тоскана, април 1452, а починал мај 1519. Живеел и работел во Фиренца, Милано, Рим и Париз. Тој е познат италијански ренесансен архитект, инжењер, скулптор и уметник, сликар, изумител, анатом и астроном, а се знае дека изработел и нацрти од областа на медицината, кои не се сочувани. Бездруго, еден од најголемите умови на светската цивилизација, било кога.
Неговото дело, портретот Мона Лиза, го започнал во март 1503 и го работел полни 4 години. Подоцна сликата ја купил францускиот крал Франсоа Први и денес се чува во музејот Лувр во Париз. Денес, Мона Лиза е сигурно најпознатиот портрет, а можеби и воопшто, најпознатата слика на светот, која е предмет на бројни толкувања и уште повеќе репродукции.
Веле Митаноски















