За денеска во Скопје најавен е протест пред Уставниот суд, против иницијативата за разгледување на владината мерка за линеарното зголемување на пензиите.
Протестот го поддржува и иницијативниот одбор за линеарно зголемување на пензиите на Охрид и Дебарца од каде сметаат дека евентуалното укинување на мерката ќе претставува сериозен удар врз најсиромашниот слој од општеството.
Главните параметри за формирање на пензија, работен стаж, школска спрема, работно место, сето тоа е опфатено и вградено во решението за соодветната пензија. На основа тие критериуми има помала, средна, и голема пензија. Или за оние кои реагираат јас учев, или јаа имам долго работено, јас повеќе одвојував, ви појаснуваме сето тоа е земено како аргументи и вградено во решението за пензија и тука завршува се околу разликите. Но, после одење во пензија, никој пензионер не одвојува и не вложува ништо, скршен денар не вложува во фондот, понатака сите пензионери сме еднакви, и затоа бараме поради овие аргументи линеарното зголемување да остане како правно мерило, велат од Иницијативниот одбор за линеарно зголемување на пензиите на Охрид и Дебарца.
Оттаму веруваат дека Уставениот суд ќе ги разгледа и прифати аргументите на пензионерите и нема да донесе одлука спротивна на нивнта волја, a пред се на нивните реални потреби.
OhridNews












