Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста ќе паузира осум недели од фудбалските терени, откако на мечот со Валенсија на Местаља го повреди коленото.
Прегледите веднаш после мечот покажаа дека се работи за оштетување на лигаментите, но нема кинење кое ќе го остранеше Иниеста од терените до крајот на сезоната.
Шпанскиот репрезентативец ќе се врати на почетокот од следната година, а со сигурност ќе го пропушти дуелот со Реал Мадрид кој е закажан на 4 декември.
OhridNews