Бразилецот Роналдињо е меѓу малкуте фудбалери кои успеале да соберат аплаузи на Сантијаго Бернебеу, а да не го носат дресот на Реал Мадрид. Тој во дресот на Барселона во сезоната 2005/06 година постигна два од трите погодоци за каталонците во триумфот 3-0 над големиот ривал во „Ел Класико“.
Сегашниот капитен на Барселона, Андрес Иниеста проговори како Роналдињо ги мотивирал соиграчите пред мечот со „кралевите“.
– Роналдињо на неколку дена пред дербито доцна во ноќта ми ѕвона и ми рече „Андрес знам дека е три наутро и дека спиеш, но морам да ти кажам нешто, а ти давам задолжение да не го споделуваш со никој од играчите. Мојот брат контактираше со Реал Мадрид и прифати мој трансфер, но те преколнувам немој да кажеш“. Тогаш веднаш ми ја спушти слушалката и немав време ништо да му одговорам. Следниот ден на тренингот не беше како обично, гласно, позитивно туку владееше некоја чудна и тивка атмосфера. – изјави Иниеста.
Дербито се одигра во 12-та рунда од Ла Лига, а во соблекувалните пред почетокот на мечот Роналдињо одржал мотивациски говор по повод неговиот трансфер во Реал Мадрид. – Пред излегувањето на таренот, Роналдињо како никогаш до тогаш зеде збор и ни рече „Момци вака, на секој поедично му кажав дека ќе направам трансфер во Реал Мадрид, а тоа не излезе од ниту играч, што значи дека функционираме како семејство. А сега ајде да излезиме на терен и да им покажиме што знаеме на „мадристите“. – надополни Иниеста.
Освојувачот на златната топка покажал дека покрај топката владеел и со други способности што вродиле со плод на теренот од најлутиот ривал.
Мх.П.











