Еден од најдобрите играчи во историјата на Барселона, Андрес Иниеста откри дека размислува за заминување од екипата во која се афирмираше во голем и квалитетен фудбалер.
33-годишниот фудбалер во интервјуто за „Ел Пас“ зборуваше за ситуација во Барселона која ни малку не е „розова“.
– Можам да ја напуштам Барселона. Вакви мисли и вакво сценарио не можев да замислам пред три години, но сега моментално и тоа ми поминува низ главата. – рече Иниеста и додаде – Договорот ми истекува следното лето, а јас се уште немам седнато маса за негово продолжување. Последно време вкусивме некои емоции кои порано неможев играјќи за Барселона.
Шпанските медиуми наведуваат дека ваквата реакција на Иниеста е продавањето на Нејмар и не доведувањето на соодветната замена и немоќноста против Реал Мадрид кој ги освои двете највредни титули во фудбалот.
OhridNews